  Без резерва и без пардон со луѓето одговорни за оваа земја во ДИРЕКТНО, политички магазин кој 6 сезони се емитува на ТЕРА. ДИРЕКТНО е своевиден барометар на политичките процеси, на потезите кои политичарите ги прават во тие процеси, но и реперкусиите врз заедницата пред која имаат одговорност или барем треба да знаат дека ја имаат. Најчесто во форма на интервју, понекогаш и како дебатна емисија или телевизиско соочување на ставови, платформи и мислења. Во ДИРЕКТНО се отвораат нови теми, се поставуваат деликатни прашања и сериозно се инсистира на одговори. Во неа гостувале и премиери, министри, пратеници, советници, стручна јавност, експерти..со цел да го лоцираме курсот на државната и локалната политика. ДИРЕКТНО секој вторник во 18:45ч. |
|
|